Вести Свет

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Украинскиот парламент денеска ја изгласа мерката која што овозможува воена мобилизација на некои затвореници во замена со условен отпуст.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголем непријател.

– Се очекува новата мерка да ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20.000 затвореници, рече пратеникот Дејвид Арахамиа.

Новиот закон не важи за оние лица  кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

Владата на Украина привремено ги  прекина и конзуларните услуги за воено способните мажи кои што се во странство ,жалејки се дека така не и помагаат на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе