Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Цензусот за претседателски избори достигнат во последните два часа од гласањето

Цензусот за претседателските избори е исполнет во последните два часа од гласањето. Излезноста до 18:30 според примерок од 91,38% од вкупниот број на избирачки места изнесува 46,31%.

За цензус е потребен одзив од 40%+1 глас или 725.728 излезени гласачи. До 18:30, според податоците на ДИК гласале 767.715 избирачи што е за 40 илјади гласови повеќе од потребното.

Тоа значи дека и покрај многу понискиот одзив во претежно со Албанци населени подрачја, обезбеден е законскиот услов со што Македонија ќе има избрано нов Претседател. Двајца кандидати се Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, кој се бори за втор мандат и Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која имаше огромна предност во првиот круг и може да стане 6-ти Претседател на државата по осамостојување, прва жена-Претседател и прв кандидат кој победил на претседателски избори од опозиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе