Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Никогаш не сме биле кочничари, секогаш сме повикувале на масовност – СДСМ за тивкиот бојкот на албанските гласачи на претседателските избори

Запрашани за тивкиот бојкот во општините со доминантно албанско население, каде граѓаните гласаа за пратеници, но не и за претседателските кандидати, од владејачката СДСМ порачаа дека секоја партија треба да опдговара пред себе за тоа како настапила и оти СДСМ никогаш не биле кочничари на демократските процеси во земјава.

„Секоја партија како настапи на овие избори треба да одговори пред себе и пред граѓаните. СДСМ од самиот почеток и кандидатот којшто го поддржува СДСМ заедно со коалицијата „За европска иднина“ повикуваа на масовност, повикуваа граѓаните да го искористат своето право на глас како за парламентарните така и за претседателските избори. СДСМ никогаш не бил кочничар на демократските процеси, никогаш не бил кочничар на кои било процеси коишто ја носат државата напред и затоа денеска излегуваме со една ваква оценка и уште еднаш благодарност до сите граѓани коишто излегоа на гласање и коишто го искористија свето право на глас“, подвлече портпаролката на партијата Богданка Кузеска.

Од СДСМ оценуваат дека изборниот ден поминал мирно, достоинствено и успешено. Изборите беа фер и демократски, како што доликува впрочем на земја членка на НАТО со почнати преговори со ЕУ, изјави портпаролката на СДСМ Богданска Кузеска на прес-конеренцијата одржана во седиштето на партијата кратко по затворањето на избирачките места на двојните избори што се одржаа во земјава.

Таа посочи дека биле констатирани одредени неправилности, но оти сметаат дека тие биле незначителни за изборниот процес и нагласи дека се во очекување на првичните резултати од гласањето.

„Граѓаните можеа слободно да ја искажат својата волја и да одлучат за иднината на земјата. Правото на глас и слободното одлучување се најзначајни придобивки во демократијата. Благодарност до сите граѓани коишто денеска излегоа на изборите и гласаа. Граѓаните покажаа демократски капацитет, а институциите зрелост, имавме слободни, демократски, мирни и достоинствени избори. Особена благодарност изразуваме до граѓаните кои го дадоа својот глас за СДСМ коалицијата „За европска иднина“ и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Граѓанската волја ќе одлучи по кој колосек ќе се движи Македонија понатаму. Во очекување сме на првичните изборни резултати“, рече Кузеска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе