Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Излезност за Претседателски избори втор круг 31,96% до 15 часот- за цензус треба 40%

Во Крива Паланка има најголема излезност за вториот круг претседателски избори односно 58,29% од запишаните избирачи гласале до 15 часот. Над половина од запишани избирачи гласале и во Новаци (52,32%) и Пробиштип (50.06%). На ниво на држава гласале 31,96% од запишаните избирачи до 15 часот, а тоа се податоци од околу 95 % од избирачките места.

Најмала излезност, едноцифрена за 8 часа изборен ден е забележана во Липково (само 5,14%), Врапчиште (7,91%) и Боговиње (7,95%).

Во однос на претходниот прв изборен круг, во истиот период, до 15 часот; гласале 2,6% помалку гласачи. Или на 24-ти април за претседател во истиот период гласале 34,57% од запишаните односно 614.892 избирачи. Денеска пак гласале 547.371 или 67 илјади помалку гласачи.

Во однос на парламентарните кои сега се одржуваат, излезеноста на претседателските е помала за речиси 5 проценти, односно за парламентарните избори гласале 36,72% од запишаните, а во вториот круг парламентарни 31,96%. Во број разликата е околу 88 илјади гласачи повеќе во корист на изборите за пратеници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе