Вести Македонија Топ вести

Муцунски: Отворениот повик на ДУИ за бојкот не успеа, извесно е дека партијата ќе оди во опозиција

Отворениот повик за бојкот од страна на ДУИ не успеа и сосема извесно е дека партијата ќе оди во опозиција, порача Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција од седиштето на партијата по затворење на гласачките места на денешните парламентарни и претседателски избори.

„Елитите на власта се поразени од народот. Но денешниот ден на површина ги извади сите игри на власта. И практично се обвистинува сценариото на кое предупредувавме дека ДУИ посакува криза и преку бојкот на претседателските избори практично сака да се факторизира во политиката. Добрата вест е што ДУИ губи дупло. Бојкотот не им е успешен и ДУИ е сосема извесно дека оди во опозиција“, изјави Муцунски.

Денешниот изборен ден, како што нагласи Муцунски, мина во генерално мирна атмосфера.

„Сепак мораме да нотираме дека се забележани неколку поединечни нерегуларности кои треба да бидат расветлени во наредниот период. Имено неколку функционери на владеачката партија се фатени во илегални активности како го нарушуваат избирачкото право, правејќи поткуп и притисоци кои само го покажаа недемократскиот карактер на владеење на власта кој очекуваме да биде жестоко поразен. Институциите мора да бидат на ниво на задача и да се примени правото и постигне правдата за сите овие случаи“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе