Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Арбер Адеми не гласал за претседател, а ДУИ очекува 20 пратеници во Собранието

Арбер Адеми од ДУИ очекува разликата со албанската опозиција на парламентарните избори да биде уште поголема од првиот круг на претседателските избори. Вели дека очекуваат голема историска победа со освоени над 20 пратенички места.

Во однос на бојкотот на претседателските избори, тој рече дека како партија ги оставиле нивните поддржувачи сами да одлучат дали и за кого ќе гласаат на претседателските избори и оти резултатите покажуваат дека мал број од нив ги бојкотирале претседателските избори.

„Имало поддржувачи на Европскиот фронт коишто денеска ја изразила својата волја на претседателските избори. Вие следевте, претседателот Али Ахмети гласаше денеска, премиерот Талат Џафери гласаше денеска, министерот за надворешни работи гласаше денеска, така што граѓаните по слободно убедување одлучиле дали да гласаат или да не гласаат.

Новинарско прашање: Вие гласавте?

„Јас не гласав“, рече Адеми.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

Дејан Дејан

Претставници од стотина компании и институции на првиот ИКТ форум Македонија – Грција, договорија соработка и доверба

Дејан Дејан

АХВ за две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе