Вести Свет

Во Брисел прогласена највисока тревога за тероризам по вчерашното двојно убиство

Во Брисел е издадено највисоко предупредување за тероризам, по вчерашниот напад во кој беа убиени двајца Швеѓани, а едно лице е повредено. Белгиската полицијата соопшти дека го застрелала напаѓачот кој почина во болница. Како што објави белгискиот премиер напаѓачот е маж со туниско потекло кој илегално престојувал во земјата, откако му било одбиено барањето за азил. Станува збор за 45-годишниот Абдесалем Ласуед кој полицијата го  застрелала во кафуле во населбата Шаербек. Обвинителството го истражува видеото кое тој го објавил на интернет во кое вели дека убивал луѓе во името на Бога, се верува дека бил инспириран од групата Исламска држава.

„Вчерашниот терористички напад беше кукавички чин. Насилникот таргетирал двајца шведски навивачи кои биле во Брисел за да присуствуваат на натпреварот на „Црвените Ѓаволи“ против шведската репрезентација. Сторителот бил по потекло Тунижанец, кој илегално престојувал во нашата земја. Мажот нападнал двајца Швеѓани и ги застрелал со огнено оружје. Трето лице во моментот е тешко повредено и се опоравува“, изјави Александар де Кро, премиер на Белгија.

Белгиската министерка за внатрешни работи, Анелис Верлинден, изјави дека автоматското оружје пронајдено кај него, во фаталните престрелки пред натпреварот на Белгија со Шведска, е исто како она што беше употребено во нападот. Инцидентот се случи на булеварот „Д’Ипрес“, на пет километри од стадионот каде што Белгија играше со Шведска во квалификациите за европското фудбалско првенство. Напаѓачот отворил оган на улица кон две лица, потоа продолжил да пука и во луѓе во такси возило, тој одговорноста за својот чин ја презеде во видео објавено на социјалните мрежи.

„Поминувавме по уличката откако завршивме со работниот состанок, а потоа забележавме лице облечено во флуоресцентен портокалов елек.Сè уште сум во шок бидејќи првпат гледам пукање како тоа. И човекот врескаше и во еден момент само слушнав пукотници и застанав. Всушност „се смрзнав“. Не знам.. Видов луѓе. Видов двајца како трчаат. Коли, штом стигнаа до црвените светла тие само забрзаа.Не застанаа. Тоа беше ужасно“, Беа Сулејман, сведок.

Двете жртви се туристи, носеле дрес на Шведска. Тревогата за можна терористичка закана се искачи на четвртото ниво во Брисел, највисока по нападите во 2016 година. Во остатокот во земјата тревогата е на трето ниво. На граѓаните им се препорачува да ги одложат сите патувања кои не се итни.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе