Вести Свет

ОН со предупредување: Ситуацијата во Газа е поразителна

Светската програма за храна при Обединетите нации (ОН) ја опиша ситуацијата во Појасот Газа како поразителна и предупреди дека клучните залихи се опасно при крај, откако Израел воведе целосна блокада на територијата.

„Ситуацијата е во Газа е страшна“, рече директорот на Програмата при ОН за Палестина, Самер Абделабер.

„Гледаме недостиг на гориво, на вода, на струја. Гледаме дека нашите засолништа се преполни. Немаме капацитет. Гледаме дека се развива страшна ситуација во Газа, со ограничени залихи на храна и вода кои брзо се трошат“, изјави Брајан Ландер, заменик раководител за итни случаи при Програмата на ОН.

Тој апелира до Израел и до Египет да создадат сигурни коридори за вработените преку агенцијата, со цел да можат да внесуваат залихи во Газа и да осигураат дека персоналот на ОН може сигурно да работи во тоа подрачје.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе