Вести Свет Топ вести

Преголеми ветувања, но премали исполнувања – пораки без многу оптимизам за евро-интеграциите на Западен Балкан на белградската безбедносна конференција

Од Белград за ТВ Телма

Срѓан Стојанчов

Поддршката за Украина во европските земји, но и во САД, се намалува, а западните политичари не прават доволно за да им објаснат на своите граѓани дека поддршката за Украина е во нивен интерес. Ова го истакна претседателот на Меѓународниот институт за мир Ханес Свобода на дискусијата за Украина на Белградската безбедносна конференција која почна попладнево. Според него, на Украина мора да ѝ се даде јасен пат кон ЕУ и кон НАТО.

„Во овој двоен пакет, и тоа мора јасно да им се каже на Украинците: ова е победничкиот елемент, ова е победата, да имаме посилен, побрз пат на членство во ЕУ и членство во НАТО, дури и да не е јасно кога“, изјави Ханес Свобода, претседател на меѓународниот Институт за мир.  

Директорот на Европската служба за надворешни работи Марко Маковец рече дека ЕУ ќе даде многу позитивен сигнал за Украина зашто тоа е неопходно од геостратешки и геополитички аспект.

Наша институционална цел e, и ова е нешто што високиот претставник ми го даде како инструкција. Наша стратешка цел е, кога ќе биде донесена одлуката за Украина и Молдавија, и Западниот Балкан исто така ќе биде во тој пакет и тоа е нешто на кое ние многу интензивно работиме“, вели Марко Маковец, директор на Европската служба за надворешни работи. 

Сепак, дел од учесниците стравуваат од преголеми ветувања и премали исполнувања кои доаѓаат од ЕУ, потенцирајќи го токму Западниот Балкан како пример.

Некои експерти гледаат поврзаност меѓу нападот на Хамас во Израел и војната во Украина.

„Не смееме да ја заборавиме ситуацијата во Израел. Не е само прашањето дали го одвлекува вниманието од Украина, туку и на пренасочувањето на интересите, пренасочувањето на ресурсите и прашање е дали Западот на ова ќе гледа како на поврзани настани, како на втор фронт и ќе ја консолидира поддршката за двете земји или ќе гледа како на неповрзани прашања“, изјави Томас Клајне-Брокхоф, експерт за геостратегија во Германскиот Маршалов фонд на САД.

Конференцијата во организација на Белградскиот центар за безбедносна политика годинава има околу 500 учесници и 80 говорници. На најголемата конференција за надворешна политика и безбедност на високо ниво на Западниот Балкан учествуваат влијателни европски и регионални политичари, дипломати и експерти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе