Вести Свет Топ вести

Нарушено европското единство – Полска, Унгарија и Словачка со ембарго за увоз на украинско жито

Извозот на украинска храна го наруши европското единство на поддршка кон Украина во борбата против руската инвазија. Европската Унија одлучи да не ја продолжи забраната за трансфер на земјоделски производи низ дел од нејзините земји членки и соседи на Украина што наиде на отпор во Полска, Словачка, Романија и Унгарија. Властите во Варшава, Братислава, Букурешт и Будимпешта негодуваат, бидејќи велат дека храната од Украина прави презаситеност на нивните пазари и ја урива цената на производите на локалните фармери.

Европската комисија ја образложи одлуката со тврдење дека „пазарните дисторзии исчезнале“, а Украина се согласила на контрола на извозот на земјоделските култури. Полските, словачките и унгарските власти на тоа реагираа со еднострано ембарго за увоз на украинско жито и други производи од земјата. Официјална Варшава воведе забрана за украински житарки, а Будимпешта за дури 24 производи, меѓу кои и зеленчук, неколку месни производи и мед.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки веќе предупреди дека не може да дозволи дерегулација на пазарот, доколку европската забрана не биде обновена. За познавачите на состојбите, одлуката на владечката партија „Право и правда“ за забрана на увоз на украинско се поврзува како обид за привлекување на гласови од земјоделците на претстојните парламентарни избори во Полска закажани на 15 октомври.

Неколку часа пред истекот на забраната, се огласи и унгарскиот премиер Виктор Орбан која ја повика Европската Унија да ја продолжи забраната, во спротивно Унгарија ќе спроведе своја.

Жито и друг вид на украинска храна беше дозволено да транзитира низ пет европски земји на пат до најзагрозените делови во светот.

Претходно и Русија се повлече од Црноморската иницијатива за извоз на украинско жито, која беше постигна со посредство на Обединетите Нации и Турција. Во меѓувреме, на удар на Русија се најдоа и украинските пристаништа на Дунав, па затоа и патните и железнички рути станаа приоритет за Украина.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Гласачките места отворени на време, доцнеше почетокот на избирачко едно место во Тетово поради проблеми со апаратот за идентификација

Дејан Дејан

Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе