Вести Свет Топ вести

Ердоган најави проценка во односите со Брисел: Ако биде потребно, Турција би можела да се „раздели“ со ЕУ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара би можела да се раздели со Европската Унија (ЕУ), доколку биде потребно.

Во извештајот на Европскиот парламент за Турција за 2022 година, кој беше објавен во текот на изминатата недела, се наведува дека процесот на придружување на Турција не може да продолжи под моментните околности и се повикува ЕУ да истражи „паралелна и реална рамка“ за своите односи со Анкара, пренесува „Ројтерс“.

„ЕУ се обидува да се одвои од Турција. Ќе направиме сопствени проценки во однос на ваквиот развој на настаните и ако е потребно, може да се разделиме со ЕУ“, изјави Ердоган пред новинарите во пресрет на посетата на САД.

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди и оти е заземен „плиток и невизионерски“ пристап во односот меѓу земјата и ЕУ.

Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но преговорите се забавени во последните неколку години поради загриженоста на 27-члениот блок за кршење на човековите права и почитување на владеење на правото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Гласачките места отворени на време, доцнеше почетокот на избирачко едно место во Тетово поради проблеми со апаратот за идентификација

Дејан Дејан

Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе