Вести Свет Топ вести

САД ќе воведат санкции кон Русија и Северна Кореја за какви било нови договори за оружје меѓу нив

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден нема да се двоуми да воведе дополнителни санкции за Русија и Северна Кореја доколку склучат какви било нови договори за оружје меѓу себе, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент, цитиран од британските медиуми.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер ги даде предупредувањата на прес-конференција како одговор на прашањата на новинарите за средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Веќе презедовме голем број активности за да ги санкционираме организациите кои посредуваат во договори за оружје меѓу Северна Кореја и Русија и нема да се двоумиме да преземеме дополнителни активности доколку е потребно, рече Милер.

Според портпаролот, причина за загриженост е тоа што Русија и Северна Кореја разговараат за поширока соработка што може да ги прекрши резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Ако го погледнете она што се чини дека е засилена соработка и веројатна размена на оружје, тоа е многу вознемирувачко и потенцијално би прекршило повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН, резимира Милер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест

Дејан Дејан

Кривична за поранешен скопски градоначалник за злоупотреба на службената положба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе