Вести Свет Топ вести

Обиено депо со неколку тони дрога, оружје, документи, докази – откриен ископан тунел под зградата на Вишиот суд во Подгорица

Црногорската полиција откри ископан тунел под Вишиот суд во Подгорица. Во зградата се сместени и Апелациониот и Врховниот суд, па веднаш е отпочната истрага која треба да покаже „дали во депото на Вишиот суд е провалено изминатиот викенд или претходно“. Министерството за правда ги повика надлежните институции на итна реакција и расветлување на сите околности во случајот.

Како што јавуваат црногорските медиуми, во депото се чуваат сите судски акти до правосилност на пресудите. Во него биле складирани и неколку тони дрога од кои два тона кокаин, оружја со кои се извршени кривични дела, разни документи и дру материјални докази што се обезбедени при истраги.

Претседателот на Вишиот суд на Црна Гора на прес-конференција демантираше дека нешто е украдено од депото, но дека е откриен тунел под зградата. Нагласи дека работите се испревртени, но оти ништо не недостасува. Според него, оној кој го ископал тунелот, имал намера да дојде во близина на собата за задржување, сомневајќи се во „обид за бегство или некои подобро сценарио“.

Министерот за внатрешни работи соопшти дека тунелот ископан под зградата на Вишиот суд во Подгорица води до стан од другата страна на улицата. Според него, станот е во приватна сопственост кој бил изнајмен пред два месеца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската комисија спроведува постапка против ,,Мета” за дезинформации и лажни вести

Дејан Дејан

Срце го боли за Сдсмовците бидејќи смета дека се во заложништво, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 24-часовен рок за оставки на раководството на СДСМ

Дејан Дејан

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе