Вести Македонија Топ вести

МОН не може да обезбеди учебници, а фотокопирници на Бит пазар и во Ѓ. Петров продаваат четири за 1.000 денари во колор, реагираат родители

Чувствувам одговорност во законските обврски кои ги имам како министер во делот на постапката за одобрување и печатење на учебници. Сепак дискутабилно е зошто Комисијата за спречување и заштита од дискриминација не реагирала и претходните години, туку само сега, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со најавената тужба на Комисијата за недостигот на учебници во основното и средното образование.

„Мојот главен аргумент ќе биде транспарентните информации, онакви какви што ги имам доставено ќе ги доставам и до Комисијата. Зошто го велам ова: сите со податоци и факти. На пример доставена програма, доставен ракопис, доставени забелешки, одобрен ракопис, доставен до Педагошка служба и доставен до учениците. Јас можам да гарантирам дека после одобрен договор меѓу авторот и МОН што е потпишан од моја страна, ако имам задоцнето нешто тука одговарам и пред Комисијата и пред сите други институции“, вели Шаќири.

Имајќи ги предвид последните три години, на прашање на Телма дали не можеше да се најде соодветно решение за да се превенира проблемот со учебниците, министерот одговори:

„Не, јас сум во ресорот повеќе од една година и неколку месеци. За претходно вие знаете дека во јавноста имаше дискусија само од прво до трето одделение да се има печатени учебници, а од четврто и натаму да има дигитални учебници. Дури и со претседателката на комисијата имаме дискутирано зошто тогаш не формирале предмет за дискусија дали треба печатени или електронска верзија на учебници“.

Дел од родителите реагираат дека фотокопирници на Бит пазар и во населбата Ѓорче Петров веќе продаваат копирани учебници во боја – четири за 1.000 денари, додека МОН не може да обезбеди учебници.

„Јас веднаш ќе реагирам, затоа што ние имаме секојдневен извештај како доаѓа постапката за одобрување и печатење на учебници не може да се печати учебник за кој МОН го има авторското право и тоа авторско право го има само МОН. Ние веднаш ќе реагираме кај надлежните институции за да не се злоупотребуваат родителите. Не може да се печати учебник така, тоа не го дозволува Законот за учебници“, додаде Шаќири. 

Во меѓувреме веќе четврта година голем број на ученици се без основното средство за стекнување на знаење. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација заклучи дека се работи за најтешка форма на дискриминација која опфаќа многу ученици од основното образование. Дискриминацијата најмногу ја почувствуваа трето и шестооделенците.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски: Во Влада да но без ДУИ и со јасни црвени линии за заштита на идентитетот и државните интереси

Дејан Дејан

Израел со предупредување до луѓето во Рафа „копнена офанзива е неизбежна“

Дејан Дејан

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе