Вести Свет

Министерот Османи на Икс изрази сочувство за жртвите на земјотресот во Мароко, светските лидери нудат помош

„Шокиран сум од синоќешниот разорен земјотрес во Мароко со стотици жртви. Искрено сочувство до семејствата на загинатите и желби за брзо закрепнување на повредените“, стои во објавата на Бујар Османи, министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија по повод катастрофалниот земјотрес што доцна синоќа го погоди Мароко.

Во земјотресот, според првичните информации се регистрирани 820 жртви и над 700 повредени, иако официјалните лица во оваа северноафричка држава стравуваат дека бројката може да биде и значително поголема поради тоа што стихијата погоди и некои потешко пристапни населби во планинскиот дел на Мароко.

Најтешко погоден е историскиот град Маракеш кој е дел од светското културно наследство на УНЕСКо, а веќе пристигнуваат извештаи за оштетување на некои од историските зданија, како што е џамијата Кутубија од 12. век.

Сочувство со мароканскиот народ изразија и голем број светски лидери, кои понудија помош на мароканската влада во справување со последиците од земјотресот.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Франција е подготвена да понуди помош за спасувачките напори.

Шпанскиот лидер Педро Санчез ја понуди својата „солидарност и поддршка на народот на Мароко“, во објава на X. „Шпанија стои со жртвите на оваа трагедија и нивните семејства“, напиша тој.

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече „нашите мисли се со жртвите од овој разорен земјотрес. Нашето сочувство е до сите засегнати“.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони рече дека „со тага научила за трагичниот биланс“ од земјотресот и укажа на „подготвеноста на Италија да го поддржи Мароко во оваа вонредна состојба“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази сочувство „со мароканскиот народ соочени со ужасниот земјотрес“, додека високиот дипломат на ЕУ Џозеф Борел рече дека блокот е подготвен да му обезбеди на Мароко „помош што сака“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази „најдлабоко сочувство до кралот Мохамед Шести и сите Мароканци за животите изгубени во ужасниот земјотрес“. „Украина стои во солидарност со Мароко во овој трагичен период“, рече тој на социјалните мрежи.

И рускиот претседател Владимир Путин изрази слични чувства и рече во пораката до кралот на Мароко: „Ја споделуваме болката и тагата на пријателскиот марокански народ“.

Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган испрати порака за поддршка до мароканскиот народ по силниот земјотрес што ја погоди нивната земја. „Посакувам Божја милост на сите загинати и брзо закрепнување на повредените. Стоиме покрај нашите браќа Мароканци со сите расположливи средства во овие тешки моменти“, рече Ердоган во пораката на социјалната мрежа Икс.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им наредил на „сите министерства и сили да пружат помош колку што е потребно за мароканскиот народ, вклучително и планирање да се испрати делегација за помош во областа“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе