Вести Свет Топ вести

(ВИДЕО) Мицотакис ги посети регионите погодени од страотните поплави

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска го посети централниот грчки регион, област која е погодена од силни поплави по бурата „Даниел“ што ја зафатија земјата.

Мицотакис, кој го откажа својот годишен говор за состојбата на економијата закажан за престојниот викенд, рече дека контактирал со Европската унија за да побара финансиска помош од 27-члениот блок за обнова на погодените области.

Би сакал да изразам сочувство до роднините на луѓето кои ги загубија своите животи и да им искажам огромна благодарност на оние кои се бореа и се уште водат многу нерамноправна битка со овој природен феномен, каков што досега не сме виделе. ниту во нашата земја ниту во Европа. Што требаше да се случи, што се случи и што може да се направи подобро ќе се дискутира подоцна. Наш приоритет во овој момент е спасување на луѓето, спасување на оние кои се загрозени во селата до кои немаме пристап. Без разлика дали ќе бидат национални или европски фондови, ние ќе ги најдеме парите. Сакам да го истакнам ова. Нема да има проблем со средствата, порача грчкиот премиер.

Во текот на ноќта и денеска спасувачките екипи со хеликоптери и чамци вадеа луѓе од областите на централна Грција преплавени со тони вода и кал откако силните дождови предизвикаа големи поплави во кои загинаа најмалку шест лица, уште шест се водат како исчезнати, а многумина заглавија на покривите на своите домови во обид да се спасат.

Се верува дека стотици луѓе се заробени во селата кои во моментов се отсечени и недостапни до нив да се стигне со возила, бидејќи патиштата беа однесени или отсечени од паѓање на камења.

Невремето ги претвори потоците во бесни порои кои предизвикаа напукнување на брани, однесоа мостови и фрлаа автомобили во морето..

Властите соопштија дека во некои области има двојно повеќе од просечните годишни врнежи за Атина во период од само 12 часа.

Иако денеска врнежите се намалија, поплавите во Грција продолжија да се зголемуваат откако реката Пинеиос се излеа од коритото во близина на градот Лариса, еден од поголемите градови во Грција со население од околу 150.000 жители, поради што беше издадена наредба за евакуација во неколку области.

Крајбрежната стража соопшти дека во текот на вчерашниот ден и денеска 270 луѓе биле пренесени со хеликоптер на безбедно, но спасувањето по воздух и со брод продолжиува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе