Вести Македонија Топ вести

Во турскиот град Малатија училиште со името на нашата држава, 32 училници ќе носат име на македонските градови – Црвениот Крст собра над еден милион евра

Заврши хуманитарната акција на Црвениот крст за помош на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија. Во акцијата, вкупно е собрана донација на парични средства во вкупен износ од 63.380.807 денари, односно над еден милион евра.

Oд собраните средства, 12.427.334 денари, се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население во Сирија.

По направените преговори со Турската Црвената Полумесечина, на заеднички предлог, одлучено е собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиште во градот Малатија. Новото училиште ќе го носи името на нашата држава, а 32 училници ќе ги носат имињата на градовите на нашата држава.

Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција, соопштија од Црвениот крст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе