Вести Македонија Топ вести

Пропадна огласот за член на судски совет од редот на врховните судии

Ниту еден врховен судија не се пријавил на огласот за член на судскиот совет. На минатиот оглас пријавен беше единствено судијата Наке Георгиев и беше избран со 6 гласа за и 7 неважечки но уште неседнат на столчето Георгиев се откажа од позицијата за да може неговиот син да биде избран за судија во Кривичен.

Оставката ја поднесе пред да даде заклетва во Собранието. На ова претходела жестока дискусија во Судски но преовладал ставот дека е незаконски да се бира неговиот син додека тој е дел од ова тело бидејќи Законот за судови предвидува дека за судија или поротник не може да биде избрано лице кое со член на советот е во сродство во права линија или странична до трет степен.

Судскиот совет ќе треба да распише нов оглас во наредниот период.

Мегувреме ова место во судски каде претходно седеше врховната судијка Мирјана Радевска Стефкова останува празно.

Стефкова и апелциониот судија Зоран Герасимовски си поднесоа оставки од функцијата член на судски совет поради несогласувања со случувањата во ова тело кое неиде на многу критики по скандалите со разрешувањето на екс претседателката Весна Дамева.

Изборот на Наке Георгиев за член на Судскиот совет беше проследен со контроверзи.

Ден пред да биде утврдена листата на кандидати за членови на Судскиот совет,  Советот му ја запре постапката против него што се водеше за утврдување одговорност во периодот кога тој беше претседател на Апелацискиот суд во Штип.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе