Uncategorized

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Tehnicki pregled, registracija na vozila

Осигурителните компании изразија разочараност откако Владата им го укина поскапувањето на полисите за задолжителна автоодговорност при регистрација на возилата. Стопанската комора, пак, реагира дека се работи за избрзана, непазарна и еднострана одлука без да се земат предвид аргументите на сите засегнати страни.

Осигурителните компании минатата недела самоиницијативно одлучија да ја поскапат полисата за автоодговорност за 15,4 отсто, односно за 800 до 1600 денари во зависност од возилото, но Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии вчера предложи, а владата експресно донесе одлука за промена на тарифите и враќање на старите цени.

Осигурителните компании реагираат дека не биле земени предвид нивните анализи, туку само „погрешно поставената и пристрасно изработена“ анализа на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

„Одлуката на Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии за враќање на цените на автоодговорност претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на Европската комисија“, реагираат Друштвата за неживотно осигурување.

Стопанската комора, пак, смета дека ваквата одлука на Владата е оддалечување од европските принципи за пазарна економија.

„ЕУ секоја година, во Извештајот за прогресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. За жал, оваа реформа сè уште не е ни отпочната“, реагира Стопанската комора.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето претходно излезе со анализа дека осигурителните компании се „полни како брод“ и оти поскапувањето е неоправдано. Според нив, 10 од 11 компании за осигурување оствариле солидни добивки минатата година.

Срѓан Стојанчов

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Советот на јавни обвинители во законски рок ќе даде мислење за постапката за разрешување на Коцевски

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова очекува оставки од членовите на Судски совет по изгласаната интерпелација

Дејан Дејан

(Видео)Лажни дојави за бомби утрово пак ги испразнија голем дел од училиштата во земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе