Вести Македонија

Договор за платата на машиновозачите постигнат, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот

Железничкиот сообраќај  во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРСМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал.

Сообраќајот, што е во прекин од 13 часот денеска кога  вработените стапија во бојкот, според најавите од Димовски, ќе се нормализира со возот за Битола 645 во 20.05 часот.

-Постигнат е договор со менаџерскиот на ЖРСМ Транспорт за исплата на вториот дел од платата за јуни во петок како и да почнат преговори за доставените барања за изменување и дополнување на систематизацијата со што ќе се зголеми коефицинетот на сложеност за машинскиот извршен персонал, а можно е и за сите вработени, изјави Димовски.

Во тек на неколку часовниот прекин на  железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.

Возовите сопреа откако машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт бојкотираше поради неисплатен втор дел од платата за јуни. Од менаџментот на претпријатието на вработените им објасниле дека не е исплатен поради тоа што не се префрлени средства од Министерството за транспорт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе