Вести Македонија

На Ќафасан воведен системот Уан стоп шоп

По граничниот премин Табановце кон Србија, системот уан стоп шоп се воведува и на граничниот премин Ќафасан кон Албанија.Владите на двете земји веруваат дека ќе придонесе за зајакнување на екомските односи, за олеснување на царинските процедури но и за полесно минување на граничните бариери од страна на луѓето и капиталот. Проектот беше пуштен во употреба од премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама и во присуство на министри, пратеници и директорите на царинските управи. Премиерот Ковачевски очекува веќе од утре да се зголеми капацитетот на службениците кои работат на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане и да се воведат нови методи за да се намали чекањето. Нагласува дека откако почна иницијативата Отворен Балкан, трговската размена со Албанија е зголемена за 40 одсто а со Албанија за 50 одсто.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе