Вести Македонија Топ вести

Нервозни возачи, но и искусни и смирени патници – граничните премини традиционално со голем метеж во шпицот на сезоната

Граничниот премин „Табановце“ деновиве е постојка за нервозни возачи, нетрпеливи туристи, но искусни патници. Со години сликата е таква барем во овој период, коментираат дел од оние оние коишто застанаа пред камерата на Телма.

„Тука чекаме околу 45 минути. Но, кога влегувавме во Србија, чекавме два ипол до три часа. Така беше на граничниот премин помеѓу Унгарија и Србија“, велат туристи за Телма.

„Многу е споро. Мораме да чекаме по еден, по два часа секогаш кога доаѓаме овде. Но, денес е добро“, се жалат дел од патниците.

„Треба малку ред да се воведе. Да има повеќе цариници и полицајци, а не само да земаат плата. Ние сега сме дојдени на одмор за две недели, зошто да изгубиме три дена на пат овде?! Луѓе чекаат по седум часа на граница во Србија и овде“, забележуваат туристи. 

„Сега е сезоната во тек и имам разбирање, секоја година е вака. Се чека по половина час до еден час, зависи. Ние со автобус толку, а автомобилите не знам. Луѓе доаѓаат од печалба, нормално дека треба да се пуштат 2-3 шалтери во употреба, бидејќи буџетот во нашата држава се полни од пеџалбарите – треба да го знаеме тоа“, изјави граѓанин.  

На овој граничен премин, од 29 јули до денес поминале повеќе од 100.000 возила. Сликата е сосема различна на двете страни од границата. За излез од Македонија на прсти се бројат возилата. За влез, долги се редиците.

Покрај гастарбајтерите, најбројни се туристите коишто патуваат во Грција на летен годишен одмор. Но, се чини дека тие на плажа ќе стигнат дури утре, затоа што заглавуваат на македонската граница, а следува и уште пат за нив.

Шпицот на летната сезона донесе зголемен проток на возила и на другите гранични премини. На граничниот премин „Богородица“. За излез од Македонија, во функција се пет сообраќајни ленти за автомобили, по една за автобуси и една за камиони. Се чека по половина час во најдобар случај, најмногу 45 минути.

„Во периодот од 10:00 часот на 28.07 до 10:00 часот на 30.07, на ГП „Богородица“, влез и излез вкупно оствариле 38.950 патници. Од нив 14.456 се македонски државјани, додека 24.494 се странски државјани“, изјави Славчо Богев, началник на Регионалниот центар за гранични работи Југ.

На овие два гранични премини последниов месец, речиси, секојдневно има голем метеж со оглед на тоа дека покрај македонските туристи, низ земјава минуваат и српските државјани. Значителен број на патници се и другите странски туристи кои одат за Грција. Покрај на граничните премини и по автопатиштата се забележува зголемено ниво на сообраќај. Тоа е особено видливо на патарините.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе