Вести Свет Топ вести

Шумските пожари на Медитеранот досега однесоа над 40 човечки животи

Расте бројот на загинати во шумските пожари кои беснеат на Медитеранот. Огнената стихија која ги зафати Алжир, Грција и Италија до сега одзеде над 40 човечки животи.

Најмногу загинати има во Алжир, каде меѓу 34-те жртви има и 10 војници кои загинале опкружени од оган за време на евакуацијата во крајбрежната провинција Беџаја.

Алармантна е ситуацијата и на грчкиот остров Родос кој е ставен во вонредна состојба. Грчкото министерство за цивилна заштита предупреди на „екстремна опасност“ од пожар во шест од 13-те региони во земјата со оглед дека температурите од над 44 степени целзиусови но и ветрот дополнително ја усложнуваат работата на пожарникарите.

Локалните жители на островите Крф и Родос пак кои беа погодени од огнената катаклизма се борат со последиците. Сопственикот на штала на Родос, Димитрис Зарарис, раскажува дека неговиот живот е уништен откако пламените јазици го пеплосаа добитокот и објектот кој ги имал, бизнис во кој го вложил цел свој живот.

Прво го загубив животот. Не ми е гајле за парите, мојот живот. Затоа што тука беше мојот живот. Јас живеам овде. А сега, немаме ништо. Плачев кога го видов прв пат. Не можев да престанам, плачев. Јас не сум единствениот, раскажува фармерот Димитрис Зарарис.

Но со ваква приказна не е само Зарарис, истата судбина ја делат и останатите жители но и хотелиерите кои стравуваат дека ова ќе биде пропадната сезона со оглед дека главниот приход во овие населени места е туризмот.

Немаме посетители и затоа ќе бидеме затворени, така што тоа е нешто со сто се соочуваме сите ние во моментов и е заедничко, раскажува Апостолос Карагианис, директор за човечки ресурси, Линдос Хотелс Груп.

Ова е катастрофа. Бидејќи главно, главниот приход на овој остров е туризмот. Ако сега имаме откажувања и луѓе кои не сакаат да ги посетат затоа што се исплашени, тоа ќе биде катастрофа за овој остров. За секој грчки остров, вели Василис Софицис, бизнисмен од Крф.

Пожари беснеат и на Сицилија и Пуља, а илјадници жители и туристи се принудени да бегаат. Пожарникарите се борат во многу области да го изгаснат огнот и да спречат создавање нови жаришта. Два големи пожари на почетокот од неделава избија и во Хрватска, а пожарникарите се бореа со пламенотите јазици кои се шират во близина на градот Дубровник

Нашиот проблем е многу силен ветер. Очекуваме да дојдат авиони на Канадери, вели еден од хрватските пожарникари.

Огнот се широ кон соседна Босна и Херцеговина. Предизвикот да биде угасен е многу голем со оглед дека на местата кои се опфатени од пожарот се слушаа детонации од неексплодирани мини остатоци од „Татковинската војна“.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе