Вести Култура Македонија Топ вести

(видео)Возобновување на величественото дело на Лазески „Фреска за НОВ“ што беше уништен во земјотресот во 1963 година

На иницијатива на претседателот Пендаровски ќе се возобновува муралот „Фреска за НОВ“ на Борко Лазески кој  беше уништен во земјотресот во 1963 година, а беше поставен во некогашната Железничка станица во Скопје. Важно е нашето историско, културно и институционално паметење да го актуализираме и ревитализираме. Тоа е насушна потреба на нашата сегашност и долг кон иднината. Со овие зборови претседателот Пендаровски го најави возобновувањето на муралот „Фреска за НОВ“  на најпознатиот македонски монументалист, продолжувач на традицијата на фрескосликарството и втемелувач на витражот Борко Лазески.

  • Многу е важно нашето историско, културно и институционално паметење да го актуелизираме и ревитализираме. Тоа е насушна потреба на нашата сегашност и долг кон иднината, порача вечерва претседателот Стево Пендаровски.

Во обраќање по повод одбележувањето на 60-годишнината од земјотресот во Скопје, Пендаровски, на настан посветен на покренување иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески „Фреска за НОВ“, што беше уништен во земјотресот во 1963 година, рече дека идејата за повторно појавување на величественото дело на Лазески ќе биде додадена вредност за градот и за сите нас.

  • Имајќи го во предвид маркантното здание на новата Железничка станица во Скопје, која во времето на изградбата беше најголема на Балканот, верувам дека идејата за повторно појавување на величественото дело на Лазески, Фреска за НОБ, на некои од нејзините сводови ќе биде додадена вредност и за овој објект и за градот, и за сите нас, рече шефот на државата.

Иницијативата ја поздрави и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, која истакна дека денешниот настан е потсетник за улогата на Лазески при дефинирањето на културниот идентитет на Македонија и на неговиот влог во создавањето на современата македонска уметност.

  • Фреска за НОБ е важен дел од меморијата на старо Скопје. Ова монументално дело, било долго 45 метри, со вкупна површина од 225 квадратни метри, и на него се претставени над 100 човечки фигури. Лазески е сам по себе монументална фигура за современата македонска уметност, кој успеал да ги обедини различни уметнички традиции, рече министерката за култура.

Костадиновска Стојчевска дополни дека поставувањето на овој мурал ќе биде чин што потврдува дека македонската култура умее да создаде однос кон својата традиција, да ги препознае и да ги оживее своите автентични вредности.

На настанот се обрати и директорот на Јавното претпријатие „Железници на Република Северна Македонија Инфраструктура“, Зоран Трифуновски, кој истакна дека самата прилика за денес да говориме за, како што рече, „вакво неповторливо дело“ е привилегија, чест, но и аманет да направиме сѐ за ова културно наследство да го заштитиме.

Теоретичарот на уметност, Владимир Јанчевски и ќерката на Борко Лазески, Росица Лазеска, зборуваа за делото на Лазески и неговата важност за македонската уметност и култура. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк

Kristina Kuzmanovski

Висок ризик со играчки и електроника -ЕУ го казни „Тему“ 200 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе