Вести Свет Топ вести

(видео) Првите снимки од земјотресот во Адана – луѓе во паника скокале од прозорци

Првите снимки на социјалните мрежи за новиот земјотрес кој го погоди регионот Адана во Турција ја прикажуваат паниката кај луѓето. Некои дури скокале од прозорци од нивните домови кои се на пониски катови, поради што се здобиле со повреди и скршеници, јавуваат турските медиуми.

„Во градот Османије две лица скокнале од терасата на нивната куќа во моментот на земјотресот, при што се пренесени во болница и не се во животна опасност“, пренесоа властите.

Земјотресот се случи утринава во 8.45 часот, а според сеизмолозите неговата јачина била 5,5 рихтерови степени, што според нив и не е толку слаб земјотрес, бидејќи, како што објаснуваат, може да урне објекти кои се со слаба градба.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе