Вести Свет Топ вести

Сменет шефот на кинеската дипломатија – никој го нема видено еден месец

Чин Ганг, кој не е виден во јавност од минатиот месец, е сменет од функцијата министер за надворешни работи на Кина, објавија државните медиуми. На негово место доаѓа Ванг Ји, досегашен директор на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централнито комитет на Комунистичката партија на Кина, пренесе државната телевизија ЦЦТВ.

Одлуката за смена на Ганг е донесена денеска, на посебна седница на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес, објави „Саут Чајна Морнинг пост“.

Весникот наведува дека изненадувачката смена на Ганг дошла по една недела шпекулации за неговата судбина. Се додава дека неговото отсуство доминираше со политички дискусии во земјата, како и дека темата се развила во една од најголемите кризи за претседателот Си Џинпинг од почетокот на неговиот трет мандат.

Ганг во минатото беше помошник на Џинпинг од доверба и брзо напредуваше од портпарол на кинеското МНР до заменик министер.

Во јули во 2021 година беше именува за амбасадор на Кина во САД, а 17 подоцна стана шеф на кинеската дипломатија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе