Вести Свет Топ вести

Родос гори осми ден – пожарите се гаснеа и во текот на ноќта

Подобрена е ситуацијата со пожарите на грчките острови Родос, Крф и Евија, иако сè уште не се ставени под контрола, битката на пожарникарите и волонтерите со огнените јазици траеше во текот на целата ноќ, а продолжува и утрово.

Во југоисточниот дел на Родос, каде што пожарот е активен веќе осми ден, противпожарните сили се сконцентрирани на селата Вати и Генади, а рано утрово ситуацијата ја олеснува и фактот што нема силен ветер.

Во јужниот дел на островот Евија, поради пожарот, во текот на ноќта преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на едно село.

Битката со пожарот продолжува и во северниот дел на островот Крф.

Министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас во изјава за државната телевизија ЕРТ вчера рече дека „веќе 12-ти ден под екстремни услови на топлотен бран и силен ветер без престан се бориме на десетици фронтови на шумските пожари“ и истакна дека противпожарната служба во овој период требала да се справи со над 500 пожари.

Дополнително соопшти дека се зголемуваат казните за подметнување пожар, но и двојно се зголемува персоналот во Дирекцијата за спречување на криминални дела- подметнување пожари.

Поради пожарите во Грција, синоќа се одржаа два мирни протести во Атина, еден пред Парламентот, а друг пред Министерството за цивилна заштита и климатски кризи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе