Вести Свет Топ вести

Путин по петти пат стана претседател на Руската федерација

Владимир Путин по петти пат положи заклетва и одново стана претседател на Русија. По Сталин, тој е лидер со најдолго владеење во Кремљ.

На свечената церемонијата, Путин се заколна дека ќе ги почитува и брани Уставот и законите. Во време кога неговата земја води војна во Украина, Путин им се заблагодари на војниците, во како што ја нарече, специјалната воена операција. Во својот инаугуративен говор кажа и дека руските интереси ќе бидат негов приоритет, но и дека Русија нема да одбие дијалог со Западот.

,,Бевме и ќе бидеме отворени за зајакнување на добри односи со сите земји, кои ја гледаат Русија како доверлив  и чесен партнер и тоа навистина е глобално мнозинство. Не го отфрламе дијалогот со западните држави. Изборот е нивен. Дали имаат намера дополнително да се обидат да го спречат развојот на Русија, или да продолжат со политиката на агресија, со години бескраен притисок врз нашата земја или да бараат начин кон соработка и мир? Повторувам, дијалогот, е можен, вклучително и за безбедноста и стратешката стабилност но не од позиција на сила”, изјави Владимир Путин, претседател на Руската федерација.

Путин првпат положи заклетва како претседател во мај во 2000 година. Дваесет и четири години подоцна тој ја врати Русија во ерата на Советскиот сојуз, а напоредно со тоа ги зголеми и тензиите со Западот. Ја започна и војната во Украина, за која тврдеше дека е специјална воена операција.

Тој беше обвинет за убивање политички противници дома и во странство, но беше вклучен и во надворешни сајбер напади и мешање во избори надвор од земјата.

Тој беше иницијатор за промена на рускиот Устав што му овозможи повторно да се врати на функција како претседател во 2012 година кога беше избран.

Путин кој со децении владее со Русија со железна рака, според тамошното уставно право по 2030 година, ќе има шанса да се кандидира повторно.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе