Вести Свет Топ вести

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Украински разузнувачи објавија дека осуетиле руска завера чија цел била атентат на претседателот Володомир Зеленски Украинската служба за државна безбедност (СБУ) соопшти дека се уапсени руски агенти кои биле вработени во Украинската државна стража. Покрај убиство на Зеленски, украинските разузнувачи наведуваат дека цел на руските агенти биле и други високи држави претставници.

Шефот на СБУ, Васил Маљик рече дека неуспешниот атентат требало да биде „подарок“ за Владимир Путин во пресрет на неговата денешна инаугурација.

„Ограничен број на луѓе знаеја за нашата специјална операција, а јас лично го следев нејзиниот напредок. Терористичкиот напад, кој трребаше да биде подарок за Путин пред инаугурацијата, е промашување на руските специјални служби“, рече Маљик.

На Телеграм каналот на СБУ стои дека руски таен агент пренел координати на безбедна куќа пред планираниот воздушен напад. Разузнувачите додаваат дека Русија планирала да ги уништи сите траги на дронот што ќе се користел за гаѓање на Зеленски со друга ракета.

„Покрај Владимир Зеленски, непријателот планирал елиминација и на шефот на службата за безбедност на Украина, Васил Маљик, шефот на воената разузнувачката служба, Кирил Буданов и други високи официјални лица“, стои во објавата на СБУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе