Вести Македонија Топ вести

Дали министерот Бектеши ги измамил дел од министрите за концесијата со рудниците како што пишува ИРЛ?

Владата потфрли – две министерки сметаат дека треба да се ревидира одлуката за спојување на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“. ИРЛ открива како изгледала владината седница на која се одлучувало за иднината на богатиот земјоделски Југоисточен регион. Прашањето за концесиите дошло како дополнителна точка на дневниот ред, а неа ја предложил министерот за економија Крешник Бектеши. Министрите немале никакви прашања и сите гласале „за“, затоа што Министерството за економија на владина седница презентирало документ којшто тврди дека Управниот суд барал од Владата да ги спои концесиите. Овие нагли промени во владиниот став доаѓаат откако фамилијата Дестани, блиска до ДУИ и лидерот Али Ахмети, купува удели во компанијата „Еуромакс ресоурцес“, се вели во текстот на ИРЛ.

Од таму додаваат дека на 15ти јули 2023 година, еколошкото здружениe „Здрава котлина“, заедно со локалното население, после три години сега повторно протестираат против отварањето на таканаречените „рудници на смртта“ во Југоисточниот регион на Македонија.

Додека сите мислеа дека ова е затворено прашање, далеку од очите на јавноста ќе започнат нови превирања во борбата. Настаните почнуваат да се брануваат кога рудникот ќе добие нов ко-сопственик – моќното семејство Дестани со потекло од тетовско чии врски со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети задираат длабоко во минатото.

Во месеците кои претходеа, еколошкото здружение постојано ќе предупредува дека е можно повторно активирање на договорот за концесија за ископ на минерални суровини – бакар и злато – на локалитетот „Иловица“. Но, алармите ќе минат незабележани од пошироката јавност и медиумите.

Пресвртот доаѓа по тригодишен судски спор меѓу „Еуромакс ресоурцес“ и македонската Влада кога Управниот суд, по насока на Виш управен суд, одлучува по трет пат за овој предмет. Судот ќе донесе пресуда со која се поништува Одлуката за раскинување на договорот за концесија од 2019 година, што претставува значително отстапување од претходните две одлуки и отвара сомнежи за влијанија врз судот. Но, една одлука не беше на овој суд – спојувањето на концесиите.

Владата на премиерот Димитар Ковачевски немала никаква намера да се бори за струмичкиот регион и да ги спори контроверзните одлуки на Управниот суд за враќање на концесијата за експлоатација на минерални суровини на „Еуромакс ресоурцес“. Дури и донеле дополнителна одлука за да му ги олеснат процедурите на инвеститорот. Без расправа, без прашања и без ниту еден против или воздржан министрите гласале за спојување на концесиите за рудниците „Иловица-Штука“, со што би ја поштедиле фирмата од водење две постапки за дозвола за експлоатација, стои во текстот на ИРЛ.

Истражувачка репортерска лабораторија разговарала со тројца министри кои присустувале на седницата и кои за нив објасниле како изгледал процесот на одлучување. Сѐ траело многу кратко и никој не се посомневал дека е можно Министерството за економија да презентира лажни податоци.

Седницата тогаш ја водел првиот човек на Владата, премиерот Димитар Ковачевски, заедно со неговиот прв заменик, Артан Груби. Присутни биле речиси сите министри. Точката за спојување на концесиите за ископ на минерални суровини на „Еуромакс ресоурцес“ не била на дневниот ред, а дошла како дополнителен предлог од министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека министрите за време на седницата немале време да ги разгледаат сите материјали за точки кои се додадени на дневниот ред на самата седница.

Министерот за економија Крешник Бектеши не одговорил на повиците и пораките на ИРЛ.

Владата има опција повторно да го раскине Договорот за концесија со Еуромакс ресоурцес и по пресудата на Управниот суд.

До крајот на 2022 година, Македонија има над 330 активни концесии за ископ на минерални суровини. Одговорно за склучување на овие договори е Министерството за економија, се вели во текстот на ИРЛ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На инагурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе