Вести Свет Топ вести

Ердоган: Отворете ја вратата за Турција во ЕУ, и ние ќе ја отвориме за Шведска во НАТО

Ден пред почетокот на НАТО самитот во Вилнус, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постави уште еден услов за неговата земја да го одобри членството на Шведска во Алијансата. Последниот услов на Ердоган е одблокирање на европскиот пат на Турција, во замена на нивната согласност за Шведска да стане 32 членка на северноатлантската алијанса.

Турција чека пред вратата на ЕУ веќе 50 години, и речиси сите земји членки на НАТО се веќе членки и на ЕУ. Ги повикувам овие земји кои ја оставиај Турција да чека пред вратите на ЕУ речиси 50 години, и истото ќе го повторам во Вилнус. Отворете го патот за турското членство во ЕУ. Кога ќе го отворите патот за Турција, тогаш ние ќе го отвориме патот за Шведска, како што направивме за Финска, порача денеска ердоган.

Шведска мораше да го промени уставот, одредени закони и да ја повлече забраната за продавање оружје на Турција, исполнувајќи ги бројните забелешки на Анкара, за одблокирање на пристапниот процес. Анкара ја обвини земјата дека им дозволува на курдските сепаратисти и приврзаниците на Фетулах Ѓулен, слободно оперираат во Шведска со цел да ѝ наштетат на Турција. За аналитичарите, единствената пречка за зачленување на Шведска во алијансата се внатрешно политичките интереси на Турција.

Не постои ништо на техничките фронтови кое ја спречува Шведска да стане членка на НАТО. Шведска има армија со еден од највисоките перформанси во Европа. Значи, овде навистина станува збро за политички проблем, и тоа што Турција го прави е всушност за чисто домашни интереси. Турција се обидува да добие некои придобивки за себе, смета аналитичарот во германскиот маршалов фонд бруно лете.

Проширувањето на Алијансата, е секундарен приоритет во Вилнус, зад војната во Украина, иако блокадата на Турција го става во преден фокус. Шефовите на држави и влади утре и задутре во Литванија се очекува да се обврзаат да ја поддржуваат Украина се додека трае конфликтот, но и да продолжат да работат на приближивање на земајта до НАТО, без таа всушност да стане полноправна членка. Најголема придобивка на Киев од овој самит ќе биде формирањето на Советот НАТО-Украина, чија цел е спречување на иден напад од страна на Русија врз земјата, предвидувајќи таа да има право да побара помош од НАТО сојузниците. Сепак, во советот нема да важи Членот 5, според кој напад врз една членка е напад врз сите членки на алијансата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе