Вести Код Македонија

КОД: Финансиските тајни на бизнисот со Соравиа центарот; и профит и долг

Кои се мотивите за превземање на Соравија од страна на албанската Фирма Пе-вла-ку? Навидум безвредна зделка затоа што Соравија има долг од 20 милиони евра-задолжена е во бугарска банка. Но дали е всушност обратно-златна кокошка која носи не само недвижнина во строгиот центар на градот туку и можност за астрономски приход од кирии од државниот буџет доколку се реализира планот за селење на државни институции во Соравиа.

На документот кој го покажа сопственикот на Пе-вла-ку од Тирана, фирма која се бори да стане нов доминантен сопственик на Соравиа центарот во Скопје, стои бројка со 7 цифри. 6 милиони евра кои се кредитна линија за купувачите на Соравиа, внукот на Али Ахмети Дрин со фирмата Тхор и Владимир Пјетерѓокај со фирмата Пе-вла-ку, како прв дел од зделката со непозната сума. Стариот газда Хано Соравија кажа дека центарот има долг од 20 милиони евра, а 6-те се првични за враќање на тој долг. Пред јавноста зделката, презимето на лидерот на ДУИ, критиките од јавноста се оправдуваа со тоа дека фирмата била во долгови за да се наведе дека влече мал профит, па старт-ап идејата на младиот Дрин Ахмети нема врска со корист и ќар од вносен бизнис.

Но сето тоа изгледа поинаку кога ќе се погледнат официјалните бројки од финансиските извештаи на компанијата Соравија инвест која всушност е сопственик на бизнис центарот.

Во 2021-ва и во 2022-ра, Соравија инвест имала вкупно приходи од речиси 390 милиони денари односно околу 6.292.000 евра. Само приходот на Соравија е поголем од првата кредитна линија за олсободување на долгот по бизнис идејата на внукот Дрин Ахмети.

Дополнително, последните две години, Соравија инвест не бележела загуби туку профит. И тоа сериозен. Над 118 милиони денари или во евра, профитот на презадолжениот центар бил, милион и 926 илјади (1.926.000 евра). Или за две години австрискиот газда заработил и изнесол 10 проценти од долгот за кој тврди дека го има центарот. Наместо да врати.

Процентот на профит од приход е неверојатен. Изнесува 30,2 %. Или речиси третина од заработените пари му остануваат како добивка на сопственикот на деловниот центар во срцето на Скопје. (продолжува по видеото)

Во официјалните списи од централниот регистар има еден податок за голем долг на Соравиа инвест но не стига до 20 милиони. Стои дека Соравиа инвест должи 14 милиони евра земени како кредит од бугарската Прва инвестициона банка ( оваа банка е сопственик на УНИбанка). Кредитот е земен на почетокот на 2020-та година кога Соравиа го враќа кредитот со приближна сума на ВТБ банка,  односно од европската филијала на оваа руска банка со мнозински државен удел на Русија.

Цело време залогот за овие 14 милионски во евра кредити, и кон руската ВТБ и кон бугарската Прва инвестициона банка е објектот на Соравиа центарот. Објектот на имотен лист 44990 е ставен како залог, а под тој број е заведен Соравиа центарот. Вкупно објектот според имотниот лист има 22.790 метри квадратни, од кои над 17 илјади квадрати се деловен простор со ходници и скали, а останатите над 5 илјади квадрати се гаражи.

Самите сопственици објавија дека подигната е кредитна линија од 6 милиони евра, а три милиони евра се исплатени за долгот. Кредитот го дала албанската банка Крединс, во која сопственички удел има токму Пјетерѓокај. Парите не се поминати преку македонскиот платен промет, што беше потврдено и од Финансиско разузнавање, а нема ниту аларм од странство за таква трансакција поврзана со Соравиа.

Парите најверојатно се исплатени надвор од државата, со тоа не е регистриран данок за плаќање во Македонија. Самите Пјетерѓокај и Соравиа на прес конференцијата спомнаа дека планираат заедничка инвестиција во Валона која е поврзана со  зделката за Соравиа на македонско тло. Не соопштија каков удел во Валона ќе добие младиот Дрин Ахмети од чии бизнис способности, двајцата искусни бизнисмени покажуваа одушевување и за беспари му тутнаа 39% удел во Соравиа.

Миомир Серафиновиќ

Прилогот е објавен во емисијата КОД на 02.07.2023. на Телма.

Во следната емисија продолжение на истражувањето на бизнис краците на империјата поврзана со Али Ахмети.

КОД второ продолжение- Кој е сватот на Ахмети, како бел Ролс Ројс стигна во Кичево. 

Бизнис стеблото на лидерот на ДУИ се шири и по сватовска линија во градежништвото и чоколадната индустрија.

КОД открива и мистериозен Ролс ројс со кичевски таблички.

Како „Тхор“ на внукот на Али Ахмети влезе во Соравија со чисто портфолио Отворена истрага за парите кои се уште ги нема.

Гледајте КОД во недела (09.07.2023.) 19.15 на Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе