Вести Македонија

Ристоманов: Како Управниот суд, без никакви промени во законите, за неполна година донесе две спротивни одлуки

Активистите обвинуваат дека никој во државава не го интересира како Еуромакс рисорсис повторно ќе добие дозвола за отварање на, како што го нарекуваат „рудникот на смртта“ во Иловица. За активистите, кои на минатите локални места врз основа на кампањата против отварањето на рудникот се кандидираа и освоија советнички места во Струмица и Ново Село, е несфатливо како Управниот суд за неполна година носи спротивни одлуки, иако во меѓувреме немало никакви промени во законите. Се сомневаат дека влегувањето во приказната на македонски „Еколог“ игра голема улога во промената на изгледите на „Еуромакс“ за отварање на рудникот во Иловица.

Ние сме немоќни кај судовите и нормално е дека единствената промена која што се случи е влегувањето на „Еколог“, и нормално е да помислиме дека „Еколог“ е виновникот т.е заслужниот кој ги поместува сите нешта во спротивен правец од прертходните. Така да на сите им е јасно дека тука се работи за влијанието, политичко, или било какво влијание на Еколог врз судовите, врз владата и врз сите чинители во процесот. Тоа на сите им е јасно, рече Костадин Ристоманов во вечерашното издание на Вин Вин на Телма.

Тоа ги наведува, според зборовите на Ристоманов, да помислат дека станува збор за добро разработено сценарио, но и покрај тоа тие нема да се откажат од борбата за никогаш да не се отвори рудник во струмичко.

Ние гледаме дека ова сценарио е добро подготвено од претходно, и ова е само финиширање и реализација на веќе приготвен план. Ако почнеме од деталите, еве на пример како е можно еден ист суд, Управен суд, за неполна година без никакви промени, не се променија законите, не се променија условите, ништо не се промени, ги гледа истите документи и дава дијаметрално спротивна пресуда. Првата која што беше така напишана да секој лаик може да разбере, по точка, по запирка, членови цитирани од законот, од договорот, зошто ја поддржуваат одлуката на владата за одземање на лиценцата и за не давање дозвола за експлоатација, рече ристоманов.

Ристоманов додаде дека тие веќе не се надеваат на судска завршница во Македонија, и веќе ангажирале правен тим кој го истражува случајот и борбата ќе ја продолжат како внатре, така и надвор од државата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе