Вести Свет Топ вести

Во внатрешноста на „Титан“ се пронајдени човечки остатоци, соопшти американската крајбрежна стража

Во остатоците на подморницата „Титан“ се пронајдени, се претпоставува, човечки остатоци, потврди американската крајбрежна стража. Остатоците на минијатурната подморница, која имплодира во обидот да стигне до Титаник во Атлантикот, за првпат се видени денеска кај Сент Џонс во Канада.

Деловите од „Титан“ се истоварени од бродот Хоризон Арктик, прекриени со церада пред да бидат транспортирани со камиони.

„Медицински стручњаци на САД ќе направат официјална анализа за наводните човечки остатоци кои се пронајдени внатре во подморницата“, се вели во соопштението на американската крајбрежна стража.

Експедицијата со „Титан“ ја организираше компанијата „ОушнГејт“. Во подморницата беа капетанот и четворица патници, но никој не ја преживеа несреќата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе