Вести Свет

Курти со четири чекори за деескалација на ситуацијата на северот од Косово

Косовскиот премиер Албин Курти, претстави четири чекори кои Косово е подготвено да ги направи за да се деескалира ситуацијата на северот од земајта, но во исто време објави и дека очекува исполнување на четири чекори од страна на Белград.

Република Косово е подготвена да придонесе кон деескалација. Веруваме дека треба да бидат превземени итни чекори кон таа цел и подготвени сме да направиме конкретни чекори кои ги поддржуваат целите за деескалација и стабилност во регионот, рече курти.

Курти порача дека Приштина е подготвена постепено да го намалува присуството на косовската полиција во и околу општинските згради во четирите општини, пропорционално со намалувањето на насилството. Потоа, обезбедување целосен пристап на ЕУЛЕКС и сите заинтересирани невладини организации за човекови права до судските процеси на осомничените за насилство. Третиот чекор според Курти би бил распишување предвремени локални избори во четирите општини, ако биде собрана петиција потпишана од 20 проценти од гласачкото тело, а по нејзината верификација датумот на одржување на изборите ќе биде определен од претседателката Вјоса Османи, како што налагаат косовските закони. Последниот чекор, според Курти ќе биде да им се наложи на четирите градоначалници на доминантно српските општини на северот на Косово да ги предадат своите овластувања на новоизбраните градоначалници, по верификацијата на нивните мандати од страна на Централната изборна комисија.

За возврат, Курти очекува превземање на четири чекори и од страна на Белград.

Прво, повлекување на насилните демонстранти од општинските згради и нинвата околина. Второ, ветување за соработка во приведувањето и судските процеси против престапниците во Косово, мониторирани од ЕУЛЕКС со целосни гаранции за правични процеси. Трето, да се спушти нивото на подготвеност на вооружените сили, да нема движење на армијата, и отстранување на 48-те истурени оперативни бази долж границата. Четврто, воздржаност од попречување или мешање во правото на етничките Срби или сите политички партии слободно без заплашување, принудување или коруптивно влијание, да учествуваат во локалните изборни процеси, порача курти.

Косовскиот премиер посочи уште дека Белград и Приштина мора да се обврзат целосно да ги почитуваат правилата на Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес и усогласеноста со законодавството на ЕУ за регионална слободна трговија во согласност со постигнатите договори. Тој наведува и дека Приштина е посветена на интензивен дијалог за целосно, безусловно, избалансирано и правилно спроведување на Основниот договор и Анексот за имплементација.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе