Вести Свет Топ вести

(Видео) Како се урна мост во Србија – прекината единствената врска на села меѓу Чачак и Краљево

Мостот што ги поврзува локалните села меѓу Краљево и Чачак, во централна Србија, се урна рано утрово по обилните врнежи во последните денови. Според локалните жители, мостот е најкратката врска меѓу двата града. Локалните жители стравуваат за можно загадување на околината или евентуален пожар по проширување на веста дека се чувствува мирис на гас по паѓањето на мостот под кој се гледаат скинати цевки. Српската влада во декември лани определи средства за санација на мостот кај селото Мрчаевци, меѓутоа градежните работи никогаш не започнаа.

„Малку е еден, овде треба да има три. Луѓето имаат земја и од таа страна и од оваа страна. Имаат роднини“, вели локален жител.

Србија овие денови се соочува со поплави предизвикани од силни и постојани врнежи од дожд. Затворени се патишта во неколку правци поради лизгање на земјиштето. Стотици луѓе се евакуирани од нивните поплавени домови и автомобили од спасувачките екипи.

„Единствена врска со Краљево сега остана стариот пат Чачак – Краљево, кој минува горе низ Слатина. И тој е единствена врска за Краљево, сега друга врска за Краљево не постои“, вели друг локален жител.

Вонредна состојба поради поплавите моментно е прогласена за териториите на 52 града и општини, а од полноќ се евакуирани вкупно 217 луѓе Како што јавуваат српските медиуми, водостојот на Западна Морава кај Краљево утрово стагнира. Од водите на реката Турија во Лазаревац се спасени двајца браќа кои неколку часа минале во речното корито, а алармантна е состојбата и во Прокупље каде поедини жители се жалат дека останале без вода за пиење.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе