Вести Свет

САД тајно распоредиле околу 150 нуклеарни боеви глави во пет европски држави

Соединетите Американски Држави распоредиле околу 150 парчиња нуклеарно оружје во воздуѓни бази низ Европа без никакво официјално соопштение, изјави Алиша Сандерс-Закре, координаторка за политика и истражување за Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ИЦАН).

Таа додаде дека арсеналот на оружје се наоѓа во Германија, во Белгија, во Италија, во Турција и во Холандија.

„Според независни експерти, околу 150 боеви глави се распоредени во американските воздушни бази во тие земји“, рекла Сандрес-Закре на брифингот со новинари и изрази загриженост поради распоредувањето на таков вид на оружје во било која европска земја, пришто потсети на кубанската ракетна криза. 

„Таквите акции го зголемуваат ризикот од нуклеарна војна. Европските земји кои го повикуваат целиот свет на транспарентност во врска со нуклеарното оружје се отворено лицемерни“, порача таа.

Меѓународната кампања за ликвидација на нуклеарното оружје е меѓународна организација која е формирана во 2007 година. Нејзина цел е промовирање за усвојување и имплементација на Договорот за забрана на нуклеарно оружје. Организацијата во 2017 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Рускиот претседател Владимир Путин во март објави дека Москав и Минск се договориле за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Причина за таквиот чекор, како наведе, е изјавата од Велика Британија за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Армијата на Мали потврди: Командантот на ИСИС е мртов

Дејан Дејан

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

ЈО спроведе истрага против лице осомничено за трговија со дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе