Вести Свет Топ вести

Киев погоден од најмасовен напад со руски дронови

Русија го изврши најмасовниот напад со беспилотни летала врз главниот град на Украина, Киев во текот на ноќта. Воздушните напади доаѓаат на денот кога земјата се подготвува , да ја прослави годишнината основањето на украинската метропола.

Денот обично се одбележува со улични саеми, концерти во живо и специјални музејски изложби – кои се планираат и оваа година, но во помал обем.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 52 од 54-те дронови лансирани од територијата на Руската федерација, и рекоа дека ова е најголем напад со беспилотни ирански Шахид летала.

Властите јавуваат дека во нападот има и една жртва. Украинските воени сили соопштија дека нападот бил извршен во неколку бранови, а воздушната тревога се случала во градот повеќе од пет часа.

Според руските воени сили мета на нападите биле воени и критични инфраструктурни објекти во централните региони на Украина, а особено во регионот на Киев. Поради најавите за украинска контраофанзива, на 15 месеци од почетокот на војната, Москва ги интензивираше воздушните напади по затишје од речиси два месеца, насочени главно кон воени локации и резерви.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето

Дејан Дејан

Една година од масакрот во „Рибникар“, колони луѓе им оддадоа почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе