Вести Свет Топ вести

Има деца кои видоа се, некои бегаа од куршуми, наставниците плачат додека предаваат – мајка на ученик со критики за одлуката за продолжување на наставата во „Рибникар“

Марија Василиќ, мајка на ученик од училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград каде на 3 мај се случи трагичното масовно убиство на девет деца и вработен како обезбедување, со остри критики за одлуката да се продолжи наставата.

„Имам впечаток дека сите сакаме исто, најдобро за нашите деца. Нив им треба да бидат заедно, но не на тоа место. Тоа повеќе не е училиште. Може да биде споменик, но не и училиште. Таму се случи најголемата трагедија во светот. Незамисливо е седум дена по трагедијата, да се повикаат децата на настава“, изјави Василиќ во гостувањето на ТВ Прва. 

Нивоата на траума се различни, вели Василиќ, па затоа смета дека и пристапот треба да биде индивидуален.

„Нивоата на трауми се различни. Има деца кои виделе што се случува, деца кои бегале од куршуми, деца кои загубиле пријатели и деца од друга смена кои не минаа на ист начин низ сето тоа. Тука мора да се присуствува индивидуално. Тоа е логистички изводливо. Болката е незамислива. Нам ни требаат стручни луѓе кои ќе ја водат приказната натаму. Децата не сакаат да се вратат во тоа училиште“, рече Василиќ.

Таа смета дека треба да се изгради поздрав простор, со цел децата да можат да продолжат по трагичниот настан.

„За два месеца изградија трговски центар, а не може ново училиште. Ние не сме тие кои треба да се занимаваат со тоа, градот има разни места на располагање. Имаме информации дека се понудиле установи кои нудат решение. Кому би штетело ако децата се префрлат во поздрав простор кои ќе им овозможи да продолжат натаму. Враќањето во ова училиште им штети на децата. Ова не е момент да се занимаваме со математика, да се одржува час, а наставниците да плачат додека предаваат“, порача Василиќ.

14-годишно дете погодено од залутан куршум во Куманово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе