Вести Македонија

14-годишно дете погодено од залутан куршум во Куманово

МВР извести дека 14-годишен малолетник бил погоден во нога со заскитан куршум.

Случајот е пријавен откако ранетиот малолетник е донесен во кумановската болница. Обвинителството отвори истрага за да се утврди сторителот.

Се истражува дали куршумот стигнал од некоја од матурските забави каде во многу ретки случаи се користи и огнено оружје или пак било стрелано на сосема поинаков настан и од друга причина.

МВР објави во дневниот билтен:

На 23.05.2023 во 14.22 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник на возраст од 14 години од Куманово со повреда во пределот на левата нога од заталкан куршум. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повторно закани по животот на градоначалникот на Арачиново

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе