Вести Македонија

Дали универзитетските професори поради ниски плати се вклучени во корупција на сметка на студентите?

Универзитетските професори поради ниски плати принудени да дополнуваат приходи од студенти, тврди Калајџиев како антикорупционер на УКИМ каде нема пријава, но 40% студенти тврдат се соочиле со корупција.

Дури 89% од студентите не знаат каде да пријават корупција, а 40% од нив се соочиле со тој проблем. На УКИМ постои такво тело со титула антикорупциски офицер, но никој од студентите не знае за неговото постоење бидејќи ниту на официјалната веб страната на универзитетот нема никакви податоци за него. Aнтикорупцискиот офицер на УКИМ вели дека универзитетските професорите со години се соочени со ниски плати и за да го задржат своето работно место стануваат дел од корупцискиот ланец.

-Како офицер немав ниту една поплака. Натерани сме за таа мизерна плата што ни ја плаќа државата,  за редовен професор сега е околу 40.000 денари, а на времето земавме исто како и судиите кои сега стигнаа до 120.000 денари, а ние останавме на 40.000 денари. Ние сме принудени  сакајќи или не за пристојна живејачка наместо да ни ја гарантира државата да дополнуваме со приходи од студентите, вели Гордан Калајџиев, антикорупциски офицер на УКИМ.

До Државната комисија за спречување на корупција не стигнале многу пријави од студенти. Но имаат бројни пријави од анонимни универзитетски професори кои се жалат на негативна селекција, клиентелизам, непотизам.

-Јас сакам да ги потикнам сите професори ако доставуваат анонимни пријави кај нас, тоа не е никаков проблем. Меѓутоа да излезат малку од обвивката на анонимноста и да почнат малку појасно и погласно да се борат затоа што има критична маса на универзитетите која би можела да се справи со корупцијата, вели Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупција.

За основците и средношколците постои антикорупциска едукација на училиштата за да можат уште од рана возраст да ја препознаат и пријават корупцијата. Која е еден од факторите кои со години го позиционираат УКИМ на дното на ранг листата во однос на останатите универзитети од балканот.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски во посета на штабот на Вреди – со Таравари разговарале за агенда и принципи за можно коалицирање

Дејан Дејан

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе