Вести Македонија

Цртежи, пораки, списоци, закани – делови од трагедијата во Белград се пресликуваат во земјава

По вчерашниот случај во Тетово, кога во основно училиште беше пронајден список со имиња на ученици и закани, голема вознемиреност владее и во Штип, каде е приведен средношколец кој споделил порака дека ќе дојде со пушка на училиште.

„Беа повикани целата служба, родителите, ученикот, се разговараше на таа тема. Моментно е тука и полицијата. Уште разговараме. Ситуацијата ја држиме под контрола и апелирам на родителите совесно, мирно да ги пуштат децата на училиште и дека сè ќе виде во најдобар ред“. изјави Марјан Арсов, директор на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“.

По масакрот во Белград, во земјава се случуваат низа ситуации во кои се пресликуваат делови од таа трагедија, но и се пробуваат опасни предизвици кои кружат на социјалните мрежи.

Психолозите алармираат дека децата многу лесно се поистоветуваат со она што го гледаат на интернет, каде често наидуваат на содржини, кои воопшто не треба да ги следат.

„Они можат да направат идол од секакви личности, они можат тоа однесување да го сфатат дека тоа е некакво добро однесување и тоа да го применат. Многу често користат социјални мрежи, гледаат некои видеа и читаат сѐ и сешто,  имаат пристап до секаква содржина, што мислам дека не е во ред“, вели психологот Моника Миланоска.

Стучните лица велат дека потребен е сеопфатен пристап во воспитувањето на децата.

„Да се разговара со децата, наставниците, исто така, да разговараат, ние како стручна служба да бидеме во постојан контакт со нив , секако треба соработка и од родителите и од настаниците но и децата треба да сфатат дека треба да разговараат со нас“, додава Миланоска

Државата, пак, бара начин за заштита од ТикТок и други социјални мрежи кои се најмногу користени од учениците. Отворена е и електронска адреса на која децата можат да пријават насилство.

Од Министерството за образование велат дека од среда ќе стапат на сила новите протоколи, кои треба да придонесат за поголема безбедност и контрола врз најмладите, откако ќе бидат одобрени од Владата.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе