Вести Македонија

Секој четврти ден се случува по едно сексуално кривично дело

Секој 4-ти ден се случува по едно сексуалсно кривично дело. Во оваа статистика спаѓа и 8-годишното дете чија мајка откри дека било силувано од две другарчиња на возраст од 10 и 13 години во една скопска населба. Грозоморниот случај се уште се истражува, но сигурно е дека малите насилници не може да одговараат кривично. Додека статистиката покажува тенденција на намалување на вакви кривични дела, истовремено се спушта возраста на жртвите, но и на сексуалните престапници.

„Причината, сигурно, е долгогодишно занемарување на проблемите кои што се јавуваат во детскиот живот. Не е адресирање во ниту една општествена средина, структурирана или неструктурирана. Претходно ни се случија и „Телеграм“ и други вакви случај, за жал, и ова сега. Значи има простор да се работи на секое поле – и со родителите, и во училишната средина и на локално ниво, општините може да организираат различни активности за подигнување на свеста, за отворање на проблемите, за дискутирање“, изјави Јорданка Черепналкова Трајковска од Првата Детска амбасада „Меѓаши“. 

За намалување или искоренување на овој проблем потребно е повеќе работа со децата уште од најрана возраст. Образованието е клучно.

„Сега се укажува дека, навистина, треба да размислиме за воведување на сеопфатно образование за сексуалноста кое што опфаќа, ако се применува онака како што ги имаме видено програмите, дека станува збор за правата, одговорностите, што значи приватност, учење за своето тело. Ќе се допрат многу теми“, додава Черепналкова Трајковска.

Според статистиката на МВР последната деценија, речиси секоја година троцифрен е бројот на кривичните дела против половата слобода. Највисоки бројки се во графите: силување и полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Од 2013-та тенденцијата покажува намалување на вакви кривични дела, единствено во првата година од пандемијата има зголемување на бројките. Во првите три месеци од 2023-та имало 10 силувања и 3 полови напади врз деца. Од друга страна, се зголемува зголемува бројот на кривични дела поврзани со половата слобода на децата преку интернет. Од јануари до април имало три случаи на детска порнографија, за кои не се откриени сторителите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг вчера пристигна во Србија

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

Дејан Дејан

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе