Вести Македонија Топ вести

Бугарија еден ден ќе мора да го прифати нашето право на самоопределување, вели Димитров

Ако имаме основани сомненија, индиции, сигнали дека повторно ќе има притисок и ќе се настојува Комисијата да испорача нешто што е по волја на Бугарија, зборувам за историјата, бидејќи не може во билатерално прашање, што по нивна желба сега е испомешано и направено на некој начин европско прашање, форматот да остане билатерален, истакна Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и прв човек на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), сега во својство на претседател на „Солуција“, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Нека внесат олеснувачи со искуство од европските земји. Такво присуство во собата ќе ја рационализира атмосферата и веројатно ќе биде попродуктивна работата на комисијата“, вели Димитров во врска со целата ситуација што се случи со Бугарија.

Бугарија, вели Димитров, напиша дека ништо во документите на ЕУ не значи дека таа го признава македонскиот јазик, што не бил јазик, туку бил дијалект.

„Една многу погрешна и слепа политика, што само нè оддалечува и нема никаква врска со македонско-бугарското пријателство. Зошто другите земји членки да не дадат сигнал дека македонскиот јазик за нас е дел од европското лингвистичко богатство и се радуваме на денот кога ќе стане еден од официјалните јазици на Европската Унија, што влезат во членство“, изјави Димитров.

Во врска со уставните измени, Димитров смета дека начинот на кој е формулирана обврската дава за простор ние, заедно со Бугарија, за што е потребно отворање на еден голем процес, бидејќи е затворен на начин на кој не го затвора проблемот.

„Бугарија, исто така, еден ден мора да го прифати нашето право на самоопределување. Зошто влегувањето во сила на уставните амандмани да не го врземе со таков чекор од Софија и конечно да го затвориме прашањето. Тоа нема да значи менување на рамката, туку ќе значи дека сме ги усвоиле уставните амандмани согласно со нашите уставни процедури. Меѓутоа, сме си обезбедиле вистинско затворање на проблемот“, посочува Димитров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе