Вести Македонија Топ вести

Седница на судии во Апелација: Ефикасно и ажурно постапување по предметите од висок јавен интерес за да се избегне опасност од нивно застарување

По предметите од висок јавен интерес да се постапува ефикасно и ажурно, во согласност со законите, како и Судскиот деловник. Ова е заклучокот од денешната седница на судии на Апелациониот суд во Скопје на која се дискутираше по прашањето за постапување по сите видови на предмети по кои постапува судот, вклучително и предметите од висок профил и од висок јавен интерес.

„На седницата беше заклучено дека по сите предмети, а посебно по предметите од висок јавен интерес, да се постапува ефикасно и ажурно, во согласност со законите како и Судскиот деловник, почитувајќи го редот на приемот на предметите со цел да се обезбеди ефективно остварување на правдата и примена на законите и воедно да се избегне опасноста од застарување на предметите од висок профил“, се наведува во соопштението што е објавено на интернет страницата на Апелација.

Притоа се нагласува потребата од првенствено почитување на внатрешните процедури за управување со движењето на предметите во Судот, програмата и планот за спречување на корупција и судир на интереси и цоспоставените процедури по ИСО стандардизација, но и стратешкиот План на судот.

„Како е воочена потреба од допрецизирање на определени активности и мерки, пред сè, во интерес на ажурно и ефикасно постапување, дополнително ќе се донесат внатрешни процедури како составен дел на веќе донесените, а во согласност со Законот за движење и управување со предметите во судовите“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се обрнува внимание дека Апелациониот суд Скопје во моментот постапува со намален број на носители на судиска функција и тоа 28 судии, од предвидените 52. Притоа се нагласува дека од 28-те, во Кривичниот одел на Апелациолниот суд Скопје се распоредени само шест судии кои постапуваат по тој вид на предмети.

Соопштението на Апелација доаѓа во ист ден во кој, според телевизија Алсат М, американската амбасадорка Анџела Агелер на 11 април испорачала писмо до премиерот, надлежните министерства, врховниот, апелациониот и кривичниот суд во Скопје во кое, наводно, изразила разочарување од последните одлуки на Апелација. Но, во него не е наведено кога се одржала седницата на судии на која се дискутирало по прашањето за постапување по сите видови на предмети по кои постапува судот, вклучително и предметите од висок профил и од висок јавен интерес.

Американската амбасада во Скопје попладнево потврди дека амбасадорката Агелер навистина испратила писмо за одлуките на апелациониот суд да не ги прифати првостепените затворски казни, со што се овозможува застарување на дел од кривичните дела за кои се гонат високо профилирани криминалци.

Но, додаваaт дека амбасадата не ја споделува својата дипломатска коресподенција. Од амбасадата охрабруваат сите прашања да се упатат до македонските власти и до правосудството.

Агелер со писмо: Разочарана сум од одлуките на апелација за предметите со висока корупција

Амбасада на САД: Не споделуваме дипломатска коресподенција, ве охрабруваме да барате одговори од властите и правосудството

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе