Вести Македонија Најважни

Агелер со писмо: Разочарана сум од одлуките на апелација за предметите со висока корупција

Судските предмети „Таргет- Тврдина“ и „Трезор“ апелација ги врати, но од „Тврдината“ на Кале се загрижени.

Реакцијата за одлуките на апелациониот суд да не ги прифати првостепените затворски казни а со кои се овозможи застарување на дел од кривичните дела за кои се гонат високо профилирани криминалци наиде на лична реакција од претставничката на САД во земјава.

Американската амбасадорка Агелер, според телевизијата АЛСАТ испорачала писмо до премиерот, надлежните министерства, врховниот, апелациониот и кривичниот суд во Скопје.

Наводно, Агелер, изразува разочарување од последните одлуки на апелација. Затоа правосудството има толку низок рејтинг, а наводно Агелер заклучила дека иако САД вложиле 250 милиони евра во реформи, резултати нема.

Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, се наведува во писмото од амбасадорката Агелер, од кое делови објави АЛСАТ М.

Дописот главно се однесува на случаите за кои е загрижена јавноста и кои се поврзани со судењата против поранешните функционери кои ја злоупотребиле службената должност и го оштетиле државниот буџет, се наведува во писмото кое го објави АЛСАТ.

Од владата потврдуваат дека ја примиле пораката, но тоа се однесува на судиите кои независно ги носат одлуки.

Но, дека нешто не е во ред, алармот е вклучен во министерството за борба против корупција.

Врховниот суд добил препорачана пратка на 11-ти овој месец.

Зборовите на Агелер, резулттирале со брза реакција на највисокиот суд.

На седницата на судии веднаш е одлучено да се остварат работн средби со пониските судски инстанци.

По предметите од висок јавен интерес ажурно да се постапува и да се одлучува во согласност со законот и прописите, а со цел да се обезбеди ефективно остварување на правдата и воедно да се избегне опасноста од застарување на предметите од висок профил, се наведува во одговорот на врохвниот суд.

Невладините и стручната јавност не се изненадени до реакцијата на стратешкиот партнер САД.

На тема за состојбите во судството , реагират и експертите.

Дали да им веруваме на судиите во одлуките или да се менува праксата и да се прават проверки во нивните работење.

Правда исто ги добила зборовите на Агелер, но што ќе превземе како надлежно министерство ќе одлучи наредниот период.

Реакцијата на американската амбсадорка следи откако апелација во низа уккинуваше пресуди во кои е обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, ккако и казни на други поранешни функционери.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе