Вести Македонија

МПЦ-ОА утре  ќе се обедини со ПОА на Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите 

Утре ќе се одржи синодска седница на МПЦ –ОА на која се поканети епархиските архиереи на која треба да се донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА со ПОА на Вранишковски –објави сајтот религија.мк.

Извори од Синодот за Телма потврдуваат дека обединувањето ќе значи интеграција на владиците на ПОА на Вранишковски во МПЦ-ОА односно ним ќе им бидат дадени делови од битолско пелагониската епархија со која раководи митрополитот Петар.

Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА.

Според религија.мк заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква. Сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе