Вести Свет Топ вести

(Видео) Се урна катна гаража во Њујорк, има загинати и заробени под урнатините

Еден човек загина, а шестмина се повредени при уривање на катна гаража на Менхетн во Њујорк, а надлежните стравуваат дека има луѓе кои се заробени под урнатините. Уривањето на зградата е во финансискиот кварт во долниот дел од Менхетн, на неколку блока од Градското собрание и Бруклинскиот мост во непосредна близина на Њујоршката берза.

Засега не се знае колку луѓе имало во трикатната зграда во моментот на несреќата.

„Поради нестабилноста на објектот, пожарникарите се повлекоа, а спасувачки екипи ги пребаруваат урнатините со кучиња, дронови и роботи, бидејќи постои опасност од натамошно уривање“, соопштија надлежните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се знаците за високиот шеќер во крвта?

Дејан Дејан

Армијата на Мали потврди: Командантот на ИСИС е мртов

Дејан Дејан

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе