Вести Македонија

Шестоодделенците од септември нема да учат историја, општество, а етика на религиите останува како изборен предмет

Од септември шестоодделенците ќе учат нов предмет природни науки кој ќе биде спој од досегашните предмети хемија, биологија, физика и географија. Повеќе нема да ги има предметите историја, општество, a етика на религиите останува како изборен предмет. Родителите се загрижени за образованието на нивните деца, а наставниците стравуваат дека ќе останат без работа.

Од синдикатот за образование велат дека оваа концепција е донесена пред две години и досега учениците до петто одделение учеле по неа и немало никакви проблеми. Се надеваат дека и оваа измена за шестоодделениците нема да влијае лошо врз учениците и наставниците.

-Од идната учебна година и шестоодделенците ќе започнат да работат по новата концепција за основно образование. Од Бирото за развој не уверуваат дека никој од наставниците нема да остане без работа, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Наставните планови за седмо, осмо и деветто ќе останат непроменети.

Од МОН велат во тек е подготовка за изработка на новата наставна програма и смируваат дека никој од наставниот кадар нема да остане без работа, истите наставници ќе продолжат да предаваат.

Во финална фаза на подготовка е наставната програма со три модули, преку која ќе се изучуваат историја, географија и граѓанско образование за шесто одделение, а ќе ја реализираат наставници кои и досега ги предаваа овие предмети. Изработката на наставната програма е надлежност на Бирото за развој на образованието и по одобрување, истата ќе биде јавно достапна, одговараат од Министерство за образование и наука.

Од Бирото за развој на образование велат доколку на некои наставници им фалат работни часови тие ќе ги дополнуваат со одредени наставни активности.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе