Вести Македонија

Невладините бараат итно повлекување на законите за коридорите 8 и 10д

Да се повлечат измените во 8-те закони кои пратениците сакаат да ги протуркаат за да можат „Бехтел и Енка“ побрзо да ги изградат коридорите 8 и 10 Д, бараат невладините организации.

Сметаат дека со овие измени нема јавен туку само приватен интерес.

Велат недостасува јавна дебата во која ќе биде вклучена стручната фела, а носењето закони на брза лента не е добро.

Предупредуваат дека се отвора простор за корпуција со тоа што Владата не го објавува јавно договорт што го потпишала со инвеститорот на овие автопати.

„Овој случај сметам дека ќе си најде свое место во извештајот на европската комисија и други извештај кои го оценуваат начинот на управување и владеење во земјата“ – вели Миша Поповиќ.

Правниците со сериозни критики за  измените кои се прават во законот за работни односи.

Со  нив  се предлага уредување на местото и начинот на исплата на платите на работниците на проектот, се отвара можност и за работа во недела.

Се предвидува  и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на  една седмица.

„Овие амандмани се во спротивност на уставот, на одлуката на уставен суд и на европската повелба и меѓународниот договор, каде јасно е утврдено траењето на работната недела и дека нема исклучоци без да има оправдани причини“ – вели Гоце Коцевски од здружението на млади правници.

Со измените кои се планираат  во законот за  експропријација, на трасата се израмнуваат оние кои поседуваат легални  имоти со оние кои имаат дивоградби.

„Земјиштето веќе ќе биде преземено од изведувачите на проектот и тие  отпосле  ќе можат да бараат правна заштита пред суд,  што е спротивно  на уставот и  владеењето на правото во нашата земја“ – додава Тона Карева од Хелсиншкиот комитет.

Здружението на археолози не е задоволно само со повлекувањето од процедура на предложените измени во Законот за културно наследство.

Доколку измените поминат во Собранието повеќе од сигурно е дека повторно ќе бидат оспорени пред Уставниот, суд но надлежните се убедени дека овој пат судот ќе одлучи поинаку.

Првично најавените 1,3 милијарди евра за проектот сега станаа само проценка и тоа само во случај доколку се истуркаат законските измени.

Но ако не поминат,  според вицепреиерот Артан Груби изгрдабата ќе трае најмалку шест месеци подолго од предвидените 5 години.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе